8/09/2013

Псалм 103:8


  Давидов псалм. Благословувај Го Господа, душо моја, и сè што е во Мене: Неговото свето име!      Благословувај Го Господа, душо моја, и не заборави ги Неговите добротворства:      Тој ги проштава сите твои гревови, Тој ги исцелува сите твои болести;     Тој ти го спасува животот од распадливост, те овенчува со добрина и љубов;      Ти го исполнува животот со добрини, твојата младост се обновува како на орелот.     Господ прави праведни дела, и на угнетуваните им ја враќа правдата,     на Мојсеј му ги објави Своите патишта, на Израелевите синови Своите дела.      Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многу милостив.      Не е јаросен за вечни времиња, ниту Неговиот гнев пламнува довека.    Не постапува со нас според нашите гревови, ниту ни плаќа според нашите беззаконија.    Зашто колку е небото високо над земјата, толку е голема Неговата милост кон оние што се бојат од Него.    Колку е исток далеку од запад, толку ги оддалечува од нас нашите беззаконија.   Како што таткото ги милува синовите, така Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.  Зашто знае добро како сме создадени, си спомнува дека сме прав.   Човековите денови се како трева, цветаат како полски цвет;    штом ветерот ќе го допре, и веќе го нема, ни неговото место не го помни.    Но Господовата љубов е вечна над оние кои се бојат од Него, и Неговата правда над синовите на синовите,    над оние што го чуваат Неговиот завет, и ги помнат Неговите заповеди, за да ги исполнат.   Господ го постави Својот престол на небо, и Неговото Царство владее над сè.    Благословувајте Го Господа, сите Негови ангели, вие моќни во силата, кои го исполнувате Неговиот збор, послушни на гласот од Неговото слово!   Благословувајте Го Господа, сите Негови воинства, Негови слуги, што ја исполнувате Неговата волја!    Благословувајте Го Господа, сите Негови дела, во секое место на Неговото владеење! Благословувај Го Господа, душо моја!

7/31/2013

Божји чеда

Yet to all who did receive him, to those who believed in his name, he gave the right to become children of God John 1:12 Bible
† † †
А на сите што Го прифатија - на оние што поверуваа во Него- им даде право да станат Божји чеда. Јован 1:12

7/28/2013

ИЗЛЕЗ - ВТОРА КНИГА МОЈСЕЕВА 14:14


Матеј 4:4


Матеј 5:44


7/26/2013

Што е вера?

Тоа е сигурност дека она на што се надеваме навистина и ќе се случи. Вера е увереност во нешто што не си го видел. Евреите 11:1

6/03/2009

ПОСЛОВИЦИ Глава 15

1 Благиот одговор ја ублажува јароста, а грубиот збор го зголемува гневот.
2 Јазикот на мудрите луѓе го прославува знаењето, а устата на безумните истурува глупост.
3 Господовите очи се на секое место и ги набљудуваат и лошите и добрите.
4 Благиот јазик е дрво на животот, а пакосниот е рана за духот.
5 Безумниот ја презира поуката на својот татко, а кој прима укор, е благоразумен.
6 Во праведниковиот дом има големо изобилство, а нечесниот ја печали својата пропаст.
7 Усните на мудрите сеат знаење, а срцето на безумникот е непостојано.
8 Жртвата на нечесниот Му е омразена на Господа, а мила Му е молитвата на праведните.
9 Патот на нечесните Му е омразен на Господа, а возљубен Му е оној, кој оди по правдата.
10 Тешка казна го чека оној кој го остава правиот пат, а ќе умре кој го мрази изобличувањето.
11 И Пеколот и Гибелта стојат пред Господа, а колку повеќе срцата на човечките синови.
12 Потсмевачот не го љуби оној што го кори: тој не се дружи со мудрите.
13 Веселото срце го разведрува лицето, а болката во срцето тешкотија е за духот.
14 Разумното срце бара знаење, а безумничката уста се занимава со глупост.
15 За натажениот сите денови се зли, а кому срцето е весело, на гозби е постојано.
16 Подобро е малку со страв од Господа, отколку големо богатство и немир со него.
17 Подобар е оброк со зеленчук каде е љубовта, отколку згоен вол каде е омразата.
18 Гневливиот човек заметнува препирка, а стрпливиот ја стивнува расправата.
19 Патот на мрзливиот е како глогово трниште, а патеката на праведникот е разгазена.
20 Мудриот син го весели таткото, а безумниот ја презира својата мајка.
21 Лудоста е веселба за неразумниот, а разумниот човек оди право.
22 Не успеваат намерите, каде што нема советување, а се остваруваат каде има многу советници.
23 Човекот се радува на одговорот на својата уста, и зборот во право време колку е добар!
24 За разумниот човек патот на животот оди нагоре, за да се отстрани од пеколот, што е долу.
25 Господ го разурнува домот на гордите, а ја поставува меѓата на вдовицата.
26 Омразени му се на Господа лошите мисли, а чистите зборови му се мили.
27 Користољубивиот го разурнува својот дом, а кој го мрази поткупот, ќе живее.
28 Праведниковото срце смислува одговор, а устата на нечесниот зборува злоба.
29 Далеку е Господ од нечесните, а ја слуша молитвата на праведните.
30 Бистриот поглед го развеселува срцето, и радосната вест ги гои коските.
31 Увото што го послушува спасоносното изобличување живее меѓу мудреците.
32 Кој отфрла поука ја презира сопствената душа, а кој прима поправка, се здобива со разум.
33 Стравот од Господа е училиште на мудроста, зашто смиреноста оди пред славата.

5/19/2009

Римјаните 15:5-6


5 А Бог, Кој е изворот на нашата стрпливост и утеха, нека ви даде слога меѓу вас и секој да го следи примерот на Исус Христос, 6 па сите заедно и сложно да Го прославувате Бога, Таткото на нашиот Господ Исус Христос.


5/09/2009

Светиот Дух доаѓа на помош

1Затоа тие што се под закрила на Исус Христос нема да бидат осудени,

2бидејќи со посредство на Исус Христос, силата на животодавниот Дух ве ослободи од силатана гревот, која води во смрт.

2бидејќи со посредство на Исус Христос, силата на животодавниот Дух ве ослободи од силата на гревот, која води во смрт.

4/19/2009

1 Коринќаните 15:20-22

20Но Христос воскресна од мртвите! Тој стана прв плод од големата жетва на сите што ќе бидат воскреснати од мртвите.

 21Како што смртта дојде на овој свет преку еден човек, Адам, така преку еден човек дојде и воскресението на мртвите, имено, преку Христос. 

22Како што сите умираме поради нашата поврзаност со Адам, така сите што се поврзани со Христо повторно ќе оживеат[1]

[Буквално: Како што во Адам сите умираат, така во Христос сите ќе оживеат.]