4/11/2008

Библија

ВТОРОЗАКОНИЕ 8:3 Те смируваше и те мореше со глад, а потоа те хранеше со мана, за која не знаевте ни ти ниту твоите татковци, за да ти покаже дека човекот не живее само од лебот, туку дека човекот живее од сè што излегува од Господовата уста.
ЈОВ 23:12 Не отстапувајте од заповедите на Неговите усни, ги чував словата на Неговата уста повеќе отколку секојдневната храна.
Псалм 19:10 Поскапоцени се од златото, од чистото злато; Послатки се од медот, послатки од капките на медовата пита.
Псалм 119:89 ЛАМЕД. О Господи, Твојот збор останува довека, постојан како небесата.
КНИГА НА ПРОРОК ИСАИЈА 40:8 Тревата се суши, цветот овенува, но Словото на нашиот Бог останува довека.
КНИГА НА ПРОРОК ИСАИЈА 55:10-11 Како што паѓа дожд и снег од небото непрекинато додека земјата не се напои, не се оплоди и не се зазеленее, за да му даде семе на сејачот и леб за јадење, 11 така Словото што излегува од Мојата уста не се враќа при Мене без плод, туку го прави она што го сакав и ќе го изврши она заради кое го испратив.
КНИГА НА ПРОРОК ЕРЕМИЈА 5:14 Затоа вака зборува Господ, Бог над Воинствата: „Затоа што зборуваа така, Моите зборови во твојата уста, во оган ќе ги претворам а овој народ во дрво, за да го голтне огнот.
КНИГА НА ПРОРОК ЕРЕМИЈА 15:16 Кога ми дојдоа Твоите зборови, јас ги голтав: Твоите зборови го восхитија и го зарадуваа моето срце. Зашто се викав со Твоето Име, о Господи, Боже над Воинствата.
КНИГА НА ПРОРОК ЕРЕМИЈА 36:1-3 Во четвртата година на Јоаким, јудејскиот цар, Господ му го упати оваа слово на Еремија: 2 „Земи книжен свиток и запиши ги на него сите зборови што ти ги реков за Израел, за Јудеја и за сите народи, од денот кога почнав да ти зборувам, од деновите Јосиини до денешниот ден. 3 Можеби Јудиниот дом ќе чуе за сите несреќи што ги наумив да ги оборам врз нив, та ќе се врати секој од својот лош пат, и Јас ќе им ги простам вината и гревот нивни.”
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ 4:4 А Тој одговори и рече: „Напишано е: ‘Човекот не ќе живее само од леб, туку од секој збор, што излегува од устата на Бога’.”
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ 5:18 Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне сè. ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ 24:35 Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.
ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ЕФЕСЈАНИТЕ 6:17 Земете го и шлемот на спасението и мечот на Духот - кој е Божјото слово.
ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОЛОСЈАНИТЕ 4:16 Кога ќе се прочита ова послание при вас, погрижете се да се прочита и во Лаодикијската црква! А она од Лаодикија, прочитајте го и вие!
ВТОРО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ТИМОТЕЈ 3:16 Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата,
ПОСЛАНИЕ ДО ЕВРЕИТЕ 4:12 Зашто Божјото Слово е живо, и делотворно, и поостро од секој меч остар од двете страни, и навлегува до разделувањето на душата и духот, на зглобовите и на мозокот; и ги суди мислите и намерите на срцето,
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПЕТАР 1:25 а Господовото слово останува довека.” А тоа е словото, кое ви е објавено како Евангелие.
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПЕТАР 2:2 Како новородени деца, копнејте по чисто духовно млеко на словото, за да пораснете преку него за спасение,
ВТОРО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПЕТАР 1:19 И така имаме поцврсто пророчко слово; а вие правите добро што внимавате на него, како на светило што свети во темно место, додека не осамне денот и Деница засвети во вашите срца.
ВТОРО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПЕТАР 1:21 зашто никогаш пророштвото не дошло од човечка волја, туку светите Божји луѓе зборувале носени од Светиот Дух.

0 Коментари: