4/14/2008

Распетие

Псалм 22:15-18 Мојата сила се исуши како црепна, и мојот јазик се залепи до непцето; Ти ме фрли во смртниот прав. 16 Кучињата ме опколија; лукав народ ме опкружи. Ги прободија моите раце и моите нозе. 17 Можам да ги пребројам сите свои коски, а тие ме гледаат и ме презираат. 18 Ги поделија моите облеки меѓу себе, и жрепка фрлаа за мојата облека.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ 20:19 и ќе им Го предадат на многубошците, за да Му се потсмеват, да Го бијат и да Го распнат, и на третиот ден ќе воскресне.”

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ 23:34 Затоа, еве, Јас ви праќам: пророци, и мудреци, и книжници. Од нив едните ќе ги убиете и распнете, а другите ќе ги бичувате во вашите синагоги и ќе ги гоните од град до град,

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ 26:2 ”Знаете дека Пасхата е по два дни, и ќе Го предадат Човечкиот Син, за да Го распнат.”

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ 27:22-26 рекоа: „Да биде распнат!”
23 А тој рече: „Какво зло направил?” А тие уште посилно викаа: „Да биде распнат!”
24 А Пилат штом виде дека ништо не помага, туку викотницата станува сè поголема, зеде вода и ги изми рацете пред народот и рече: „Невин сум за крвта на Овој Праведник! Вие гледајте!” 25 И целиот народ одговори и рече: „Неговата крв на нас и на нашите деца!”
26 Тогаш им го пушти Варава, а Исуса Го бичува и Го предаде да Го распнат.



ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ 27:31-38 Откако Го исмеаја, ја соблекоа од Него црвената наметка и Го облекоа во Неговата облека и Го одведоа да Го распнат.
32 А на излегување сретнаа човек Киринеец, по име Симон, и го принудија да Му го носи крстот. 33 И кога стигнаа на местото наречено Голгота - што значи: череп, 34 Му дадоа да пие вино, измешано со жолчка, но кога вкуси, не сакаше да пие. 35 А кога Го распнаа, ги разделија Неговите облеки, фрлајќи жрепка, за да се исполни кажаното преку пророкот: „Ги разделија алиштата Мои меѓу себе и за облеката Моја фрлија жрепка.” 36 И седеа и Го пазеа таму. 37 И Му ставија над Неговата глава натпис за Неговата вина: „Овој е Исус, Јудејски Цар.” 38 Тогаш распнаа со Него двајца разбојници: едниот оддесно, а едниот одлево.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ 27:44 А исто така Го навредуваа и разбојниците распнати со Него.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ 28:5 Тогаш ангелот проговори и им рече на жените: „Вие не бојте се! Зашто знам дека Го барате распнатиот Исус

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО 15:13-15 Но тие извикаа повторно: „Распни Го!” 14 Пилат пак им рече: „Какво зло направил?” Но тие извикаа уште посилно: „Распни Го!” 15 Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава, а Исуса, откако Го бичуваа, Го предаде да биде распнат.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО 15:20-27 А кога Му се наругаа, ја соблекоа од Него пурпурната наметка и Му ја облекоа Неговата облека, и Го поведоа да Го распнат.
21 И натераа еден минувач, Симон Киринеец, кој се враќаше од полето, татко Александров и Руфов, да го носи Неговиот крст. 22 И Го доведоа на местото Голгота, што значи Место На Черепи. 23 И Му даваа вино со смирна, но Тој не прими. 24 Потоа Го распнаа и ги разделија Неговите облеки, фрлајќи жрепка за нив - кој што да земе. 25 А беше третиот час, кога Го распнаа. 26 И беше напишан натпис, што ја означуваше Неговата вина: „Јудејски Цар.”
27 И со Него распнаа двајца разбојници; едниот оддесно, а едниот одлево, до Него.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО 15:32 Христос - Израелевиот Цар! Нека слезе сега од крстот, да видиме и да поверуваме!” Го навредуваа и оние, кои беа распнати со Него.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО 16:6 Но тој им рече: „Не бојте се! Вие Го барате распнатиот Исус Назареецот. Воскресна! Не е тука! Еве го местото, каде што Го положија.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН 3:14 И како што Мојсеј ја издигна змијата во пустината, така треба да биде издигнат Човечкиот Син,

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН 19:23 А војниците, откако Го распнаа Исуса, ги зедоа Неговите облеки и ги разделија на четири дела, по еден дел на секој војник, и долната облека. А долната облека не беше шиена, туку целата исткаена одозгора додолу;

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН 19:32 Затоа војниците дојдоа и им ги скршија нозете на првиот и на вториот, кои беа распнати со Него;

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ 2:23 Вие, Него, откако беше предаден според одредената волја и промисла Божја, преку рацете на беззакониците Го распнавте и убивте,

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ 2:36 И така, нека сиот Израелев дом знае веродостојно дека Бог Го направи Господ и Христос, Овој Исус, Кого вие Го распнавте!”

ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ГАЛАТЈАНИТЕ 3:13 Христос нè откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој виси на дрво!” -

ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОЛОСЈАНИТЕ 1:20-21 и преку Него да измири кон Себе сè што е на земјата или на небото, творејќи мир преку крвта на Неговиот крст.
21 И вас, кои бевте некогаш отуѓени и непријатели, во своето мислење и во лошите дела,

ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОЛОСЈАНИТЕ 2:14 на тој начин што го избриша дејството, кое со своите одредби беше против нас; го отстрани од среде нас, приковувајќи го на крст;

ПОСЛАНИЕ ДО ЕВРЕИТЕ 12:2 гледајќи во Исуса, Почетникот и Исполнителот на нашата вера, Кој, поради радоста што беше пред Него, го претрпе крстот, презирајќи го срамот, и седна оддесно на Божјиот престол.

0 Коментари: