10/21/2008

ПРОПОВЕДНИК - Глава 12

1 И спомнувај си за својот Создател во деновите на својата младост, пред да дојдат лоши денови и пред да пристигнат годините, кога ќе речеш: „Не ми се милеат.”
2 Пред да се помрачат сонцето и светлината, месечината и ѕвездите, и да се вратат облаците по дождот.
3 Во денот кога затреперуваат чуварите на куќите и се наведнуваат јунаците, и се здодеваат мелничарките, зашто се премалку, и се помрачуваат оние кои гледаат низ прозорците;
4 кога се затвораат уличните врати, ослабува шумот на мелницата, кога стивнува пеењето на птиците и замруваат звуците на песната.
5 Кога патот надолу е мака, и секое излегување закана; а бадемот е во цутење, и скакулецот не скока веќе, и бадемовиот плод пука, зашто човекот си оди во својот вечен дом! А тажачките веќе се движат по улиците.
6 Пред да се скине сребрената врвца и се скрши златната светилка и се распарчи врчвата на изворот и се разбие тркалото над бунарот;
7 и се врати правот во земјата како што дојде од неа; а духот се врати при Бога, Кој го даде.
8 „Суета над суетите,” вели Проповедникот, „сè е суета.”
9 А освен тоа, зашто самиот Проповедник беше мудар, тој и народот го учеше на мудрост, па измери, проучи и состави многу мудри изреки.
10 Воедно Проповедникот се трудеше да најде прикладни зборови и да ја изрази направо вистината.
11 Беседите на мудрите луѓе се како остени и како закачени колци: пастирот се служи со нив за доброто на своето стадо.
12 И на крај, сине мој, знај дека е потребно неизмерливо многу труд за да се напише книга, и дека многу учење го уморува телото.
13 Да го чуеме завршниот збор за сè: „Бој се од Бога, исполнувај ги Неговите заповеди, зашто во тоа е сè за човекот.” 14 Зашто сите скриени дела, било добри или зли, Бог ќе ги изведе на суд

0 Коментари: