Псалм 112 | |
1 Алилуја! Блажен е оној човек, кој се бои од Господа и кој ужива во Неговите заповеди; 2 неговото потомство ќе биде силно на земјата, благослов ќе почива врз праведното поколение. 3 Благосостојба и богатство ќе биде во неговиот дом, неговата правда ќе трае довека. 4 На чесните им изгрева светлина во темнина: Тој е благ, милостив и праведен. 5 Добро му е на човекот кој е милостив и дава на заем, кој ги свршува чесно своите работи. 6 Никогаш нема да се поколеба, праведникот ќе биде во вечен спомен. 7 Не ќе се плаши од лоши вести, мирно е неговото срце, надевајќи се на Господа. 8 Неговото срце е храбро, од ништо не се бои, тој го гледа паѓањето на своите непријатели. 9 Тој дели, изобилно им дава на бедните: неговата правда ќе трае довека, неговиот рог ќе се воздигне славно. 10 Грешникот ќе го гледа тоа налутено, ќе чкрта со забите и ќе венее, ќе пропадне желбата на нечесните. |
0 Коментари:
Post a Comment