4/21/2008

Крштевање

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ 3:6 и тој ги крштаваше во реката Јордан, а тие ги исповедуваа своите гревови.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ 3:11 Јас ве крштавам во вода за покајание; но Оној, Кој доаѓа по мене е посилен од мене, Кому јас не сум достоен да Му ги понесам обувките. Тој ќе ве крсти во Светиот Дух и оган.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ 3:13-14 Тогаш Исус дојде од Галилеја до Јордан при Јована, за да се крсти од него. 14 А Јован го одвраќаше, велејќи: „Јас имам потреба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш при мене?”

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ 3:16 А кога Исус беше крстен, веднаш излезе од водата. И ете, небесата Му се отворија и го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ 21:25 Од каде беше Јовановото крштавање? Од небото или од луѓето?” А тие размислуваа во себе, велејќи:” Ако речеме ‘од небото’, ќе ни рече: ‘Зошто не му поверувавте тогаш?’

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ 28:19 Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал!

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО 1:4-5 Се јави Јован, крштавајќи во пустината и проповедајќи покајно крштавање за проштавање на гревовите. 5 И излегуваше при него целата Јудејска страна и сите ерусалимци; и тој ги крштаваше во реката Јордан, при што тие ги исповедуваа своите гревови.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО 1:8-10 Јас ве крстив во вода, а Тој ќе ве крсти во Светиот Дух.” 9 И во тоа време, Исус дојде од Назарет во Галилеја, и Јован Го крсти во Јордан.
10 И веднаш, додека излегуваше од водата, виде: како се отворија небесата и Духот како слегува над Него како гулаб.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО 11:30 Јовановото крштавање од небото ли беше или од луѓето? Одговорете Ми!”

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО 16:16 Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА 3:7-8 На множеството пак, кое доаѓаше да биде крстено од него, му велеше: „Змиини породи! Кој ве предупреди од гневот што иде? 8 Донесете плодови достојни за покајание и не зборувајте сега во себеси: ‘Го имаме Авраама за татко!’ Зашто ви велам, дека Бог може и од овие камења да му издигне деца на Авраама.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА 3:12 Дојдоа и цариниците да ги крсти и му рекоа: „Учителе, што да правиме ние?”

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА 3:21 Кога се крсти сиот народ - се крсти и Исус и кога се молеше - небото се отвори,

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА 7:29-30 И сиот народ, кој чу - и цариниците - ја признаа Божјата правда, зашто беа крстени со Јовановото крштавање. 30 А фарисеите и закониците го отфрлија она, што Бог сакаше да направи со нив, и не го примија неговото крштавање.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА 20:4Јовановото крштавање од небото ли беше, или од луѓето?”

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН 1:25-26 Тие го прашаа и му рекоа: „Тогаш зошто крштаваш, кога не си Христос, ниту Илија, ни пророк?” 26 ”Јас крштавам со вода им одговори Јован - но меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН 1:31 Јас не Го познавав. Но затоа дојдов да крштавам во вода, за да му Го објавам на Израел.”

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН 1:33 Јас не Го познавав, но Оној Кој ме испрати да крштавам во вода ми рече: „Врз Кого ќе видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е Оној, Кој ќе крштава во Светиот Дух.”

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН 3:5 Исус му одговори: „Вистина, вистина, ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН 3:22-23 Потоа Исус дојде со Своите ученици во Јудеја; таму се задржа со нив и крштаваше. 23 Исто и Јован крштаваше во Енон, близу Салим, зашто таму имаше многу вода, и луѓето доаѓаа и се крштаваа;

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН 4:1-2 Кога Исус научи дека фарисеите чуле оти Тој придобива и крштава повеќе ученици од Јована, 2 - иако самиот Исус не крштаваше, туку Неговите ученици, -

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН 10:40 И пак отиде преку Јордан, каде што Јован крштаваше отпрвин, и остана таму.

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ 1:5 Јован крштаваше во вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух, не по многу дни!”

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ 1:22 почнувајќи од Јовановото крштавање до денот, кога се вознесе од нас да биде сведок заедно со нас, на Неговото воскресение.”

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ 2:37-41 А кога го чуја тоа, ги засегна во срцето и му рекоа на Петра, и на другите апостоли: „Мажи, браќа, што да правиме?” 38 А Петар им рече: „Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа за проштавање на вашите гревови; и ќе примите дар од Светиот Дух. 39 Зашто, ова ветување е за вас, и за вашите деца, и за сите далечни, колку што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.” 40 И уште со многу други зборови сведочеше и ги опоменуваше, велејќи: „Спасете се од ова расипано поколение!” 41 И така, се крстија оние, кои го прифатија неговото слово. И во тој ден се приклучија околу три илјади души.

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ 8:12-13 А кога му поверуваа на Филипа, кој го проповедаше Евангелието за Божјото Царство и за името на Исуса Христа, се крштаваа мажите и жените. 13 И самиот Симон поверува и откако беше крстен, продолжи со Филипа, гледајќи ги знаците и големите сили што се збиднуваа, се восхитуваше.

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ 8:36-38 А кога патувајќи дојдоа до некоја вода, Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ми пречи да се крстам?” 37 А Филип рече: „Ако веруваш од сè срце - можеш.” Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Божји Син.” 38 И заповеда да застане колата, и двајцата - Филип и Етиопјанецот - слегоа во водата. И го крсти.

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ 9:18 И веднаш паднаа од неговите очи како лушпи и тој прогледа; стана и беше крстен;

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ 10:37 Вие знаете што се случи по сета Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштавањето што го проповедаше Јован;

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ 10:47-48 ”Може ли некој да им ја забрани водата, да не се крстат овие, кои Го примија Светиот Дух како и ние?” 48 И заповеда да ги крстат во името на Исуса Христа. Тогаш го замолија да остане уште неколку денови.

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ 11:16 Тогаш се сетив на Господовите зборови: „Јован крштаваше со вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух.

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ 16:15 А кога беше крстена таа, и нејзиниот дом, нè замоли, велејќи: „Ако ме признавате за верна на Господа, влезете во мојот дом и останете.” И нè принуди.

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ 16:33 И тој ги зеде во истиот час на ноќта, им ги изми раните од ударите и веднаш се крсти и тој и сите негови.

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ 18:8 И Крисп, началник на синагогата, со целиот свој дом, поверува во Господа; и многу Коринтјани, кои го слушаа, поверуваа и се крштаваа.

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ 18:25 Тој беше поучен во Господовиот Пат, и со својот распален дух зборуваше и учеше точно за Исуса, иако го знаеше само Јовановото крштавање.

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ 19:3-5 Уште им рече: „А во што се крстивте?” А тие рекоа: „Во Јовановото крштавање.” 4 А Павле рече: „Јован крштаваше покајно крштавање, велејќи му на народот да верува во Оној, Кој ќе дојде по него, односно во Исуса.” 5 Кога го чуја тоа, се крстија во името на Господа Исуса.

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ 22:16 И што се двоумиш сега? Стани, крсти се и измиј се од своите гревови, повикувајќи го името на Господа.’

ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО РИМЈАНИТЕ 6:3-4 Или зар не знаете дека сите ние, кои сме крстени во Исуса Христа, крстени сме во Неговата смрт? 4 И така, преку крштавањето во смртта, погребани сме заедно со Него, - та како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Таткото, - така и ние да одиме во нов живот.

ПРВО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ 1:13-17 Дали Христос се раздели? Павле ли беше распнат за вас? Или сте крстени во Павлово име? 14 Му благодарам на Бога, што никого од вас не крстив, освен Криспа и Гаја, 15 за да не рече некој, дека сте крстени во мое име. 16 Го крстив уште Стефановиот дом; натаму не знам дали сум крстил некој друг. 17 Зашто Христос не ме испрати да крштавам, туку да го проповедам Евангелието, и не со говорничка мудрост - за да не го изгуби Христовиот крст своето значење.

ПРВО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ 10:2 и сите се крстија во Мојсеја, во облакот и во морето;

ПРВО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ 12:13 зашто ние сите сме крстени преку еден Дух во едно тело - било Јудејци, или Грци, било робови, или слободни. И сите сме напоени во еден Дух.

ПРВО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ 15:29 Инаку, што ќе прават оние, кои се крштаваат за мртвите? Ако мртвите воопшто не воскреснуваат, зошто се крштаваат за нив?

ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ГАЛАТЈАНИТЕ 3:27 зашто сите, кои се крстивте во Христа, се облековте со Христа.

ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ЕФЕСЈАНИТЕ 4:5 еден Господ, една вера и едно крштавање;

ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ЕФЕСЈАНИТЕ 5:26 за да ја освети, очистувајќи ја со водно капење во словото,

ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОЛОСЈАНИТЕ 2:12 откако бевте погребани со Него во крштение, во кое и воскреснавте со Него преку верата во дејството на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.

ПОСЛАНИЕ ДО ЕВРЕИТЕ 6:2 учењето за крштавањата, за полагање на раце, за воскресението на мртви и за вечниот суд.

ПРВО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПЕТАР 3:21 Одговарајќи на оваа слика, крштавањето, - кое не е отстранувањето на телесната нечистота,- туку е одговор на добра совест кон Бога, сега и вас ве спасува, преку воскресението на Исуса Христа,

0 Коментари: