4/17/2008

Духовно Зреење

ВТОРОЗАКОНИЕ - ПЕТТА КНИГА МОЈСЕЕВА 17:19 Нека го држи покрај себе; нека го чита во секое време на својот живот, за да научи да се бои од Господа, својот Бог, за да ги пази сите зборови на овој Закон и да ги врши овие одредби;

КНИГА НА ИСУС НАВИН 1:8 Книжниот свиток на Законот нека биде на твојата уста: размислувај за него дење и ноќе, за да пазиш верно сè што е напишано во него: само тогаш ќе бидеш среќен и ќе успееш во потфатите. Нели ти заповедав:

Псалм 1:1-3 Блажен е човекот кој не оди по советот на нечесните, и не стои на патот на грешниците, и не седи во седиштето на потсмевачите; 2 туку волјата му е во Господовиот Закон и за Неговиот Закон размислува дење и ноќе: 3 Тој е како дрво засадено покрај водни потоци, што донесува плод во свое време; неговите лисја никогаш не венат; сè што прави, во сè успева.

Псалм 119:97-104 МЕМ. О, колку го љубам Твојот Закон, по цел ден размислувам за него.
98 Твојата заповед ме направи помудар од моите непријатели, зашто таа е вечно со мене.
99 Поумен сум од сите мои учители, зашто размислувам за Твоите сведоштва.
100 Поразумен сум и од старците, зашто ги чувам Твоите наредби.
101 Воздржи ги моите нозе од лошиот пат, за да го запазам Твојот збор.
102 Не отстапувам од Твоите судови, зашто Ти ме поучи.
103 Колку се слатки на моето непце Твоите зборови, послатки се од мед во мојата уста.
104 Станувам разумен според Твоите повелби зашто ги мразам сите лажни патишта.

ПОСЛОВИЦИ 2:1-12
1 Сине мој, ако ги примиш моите зборови и ги запазиш моите заповеди во себе,
2 и со своето уво ја послушаш мудроста и го обратиш своето срце кон разумот;
3 да, ако го повикаш разумот и извикаш кон благоразумноста;
4 ако го бараш како сребро и трагаш по него како по скриено сокровиште -
5 тогаш ќе го разбереш Господовиот страв и ќе го најдеш знаењето за Бога.
6 Зашто Господ дава мудрост, од Неговата уста доаѓа знаењето и разумот.
7 Тој им ја укажува Својата помош на праведните, штит им е на оние што одат непорочно.
8 Зашто Тој ги штити патиштата на правдата и го чува патот на Своите свети.
9 Тогаш ќе ги сфатиш: правдата, правосудството и верноста, а и секој добар пат.
10 Зашто мудроста ќе влезе во твоето срце и знаењето ќе ја зарадува твојата душа.
11 Расудувањето ќе те пази тебе и разумноста ќе те чува:
12 За да те избави од лош пат, од измамлив човек,

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН 5:39 Вие ги проучувате Писмата, зашто мислите дека имате вечен живот во нив; и тие сведочат за Мене.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН 6:27 Работете не за храна што се расипува, но за храна што останува за вечен живот, а што ќе ви ја даде Човечкиот Син, зашто Бог Таткото Го потврди Него за тоа!”

ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ 17:11 Овие беа поблагородни од оние во Солун, зашто го примија Словото сосем подготвено, и секој ден го испитуваа Писмото дали е така.

ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ФИЛИПЈАНИТЕ 2:12 Затоа, возљубени мои, како што секогаш бевте послушни, не само кога сум при вас, туку уште повеќе сега, кога не сум при вас, изработувајте го своето спасение со страв и трепет.

ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ФИЛИПЈАНИТЕ 4:8 Впрочем, браќа, сè што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е на добар глас - ако е некаква добродетел, ако е некаква пофалба - мислете на тоа!

ПРВО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ТИМОТЕЈ 4:11 Наложувај го и учи го ова!

ВТОРО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ТИМОТЕЈ 2:15-16 Труди се грижливо, за да се покажеш себеси достоен пред Бога како работник, кој не треба да се срамува, кој правилно го проповеда словото на вистината! 16 А отстранувај се од непристојни и празни зборови, зашто таквите сè повеќе ќе напредуваат во безбожност,

ПОСЛАНИЕ ДО ЕВРЕИТЕ 11:6 А без вера не е можно да Му се угоди, зашто кој Му пристапува на Бога треба да верува дека има Бог и дека ги наградува оние кои Го бараат.

ВТОРО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПЕТАР 1:2-11 благодат и мирот да ви се умножи во познавањето на Бога и Исуса, нашиот Господ. 3 Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сè што ни е потребно за живот и побожност, преку познавањето на Оној, Кој нè повика преку Својата сопствена слава и добродетел, 4 со што ни се подарени скапоцени и најголеми ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа, откако и избегавте на расипаноста, која е во светот, преку сладострастието, кое владее во светот; 5 заради тоа вложете ја сета ревност, и исполнете ја својата вера со добродетел, а добродетелта со знаење; 6 а знаењето со воздржливост; а воздржливоста со трпение; а трпението со побожност; 7 а побожноста со братољубие; а братољубието со љубов. 8 Зашто, ако го имате сè тоа и тоа се умножува, не ве прави мрзливи и бесплодни во познавањето на нашиот Господ Исус Христос, 9 но, кој го нема тоа, слеп е и кусоглед: зашто заборавил дека е очистен од своите стари гревови. 10 Затоа, браќа, погрижете се уште повеќе да го зацврстите својот позив и избор. Имено, ако го правите тоа никогаш нема да се сопнете. 11 Зашто така ќе ви се даде изобилно влегување во вечното Царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.

ВТОРО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПЕТАР 3:18 туку растете во благодатта и во познавањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Нему слава и сега и во денот на вечноста. Амин!

0 Коментари: