4/18/2008

Телото, Храм

ПРВО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ 3:16-17 Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас? 17 Ако некој го разруши Божјиот храм, Бог ќе го разруши него, зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.

ПРВО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ 6:15-20 Не знаете ли дека вашите тела се Христови членови? И така, ќе ги земам ли Христовите членови и да ги направам членови на блудница? Да не биде! 16 Или не знаете ли дека оној кој ќе се соедини со блудница е едно тело со неа? Зашто рече: „Обата ќе бидат едно тело.” 17 А кој се соединува со Господа, еден дух е со Него. 18 Бегајте од блудство! Секој грев, што човекот го прави, е надвор од телото; а блудникот греши против своето сопствено тело. 19 Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси? 20 Зашто скапо сте купени. И така, прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји.

ВТОРО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ 6:14-18 Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверниците! Зашто, што има правдата заедничко со беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината? 15 Во што се сложува Христос со Велијал? Или каков дел има верникот со неверникот? 16 Или како се сложува Божјиот храм со идолите? Зашто, ние сме храм на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе живеам во нив и ќе одам сред нив, и ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.” 17 ”Затоа, излезете од меѓу нив и одвоете се - говори Господ, и не допирајте се до нечисто; и Јас ќе ве примам; 18 и ќе ви бидам Татко, а вие ќе бидете Мои синови и ќерки, говори Господ Сèмоќниот.”

ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ЕФЕСЈАНИТЕ 2:19-22 Затоа, вие не сте веќе туѓинци и придојденици, туку сте сограѓани на светите и домашни на Бога, 20 надѕидани врз основата на апостолите и пророците, а аголниот камен е Самиот Христос Исус, 21 врз Кого целата стројно составена зграда расте во свет храм во Господа, 22 врз кого и вие во Духот заедно се соѕидувате во Божјо живеалиште.

ПРВО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПЕТАР 2:5 та дозволете од самите вас, како живи камења, да се изгради духовен дом, свето свештенство, за да принесувате духовни жртви, кои Му се пријатни на Бога, преку Исуса Христа.

0 Коментари: